Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека, протестираа опозиционерите
Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери.
Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери. Дојдовме тука за да ја потсетиме јавноста за проблемот со кој се соочува општина Охрид и нејзините граѓани, а тоа е немањето библиотека, рече пред присутните пратеникот Митре Вељаноски.
„ Дојдовме да ја потсетиме министерката за нејзините лажни ветувања. Тоа е одлика на оваа влада во сите изминати години. Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека. Пропаѓаат 150.000 книги сместени во пакети и на 150 метри квадратни во овој простор, книги со историско и огромно значење“, кажа Велјаноски.
Опозиционерите најавуваат дека не застануваат туку продолжуваат со отпорот. Велјаноски потврдува дека ќе продолжат и понатака со протести да ги потсетуваат граѓаните на сите неостварени ветувања на власта дадени во изминативе години.
Ќе ги навестуваме и сите промашувања и сите лаги на оваа влада која се служи сите изминати години. Затоа дојдовме пред библиотекат како еден од најсуштествените проблеми со кои се соочува долги години и една најголемите лаги за кој министерката зборува и дава лажни ветувања дека проблемот ќе се реши во Охрид“, рече Велјаноски.
Протести ќе се одржуваат во Охрид , но и низ цела Македонија, потенцираше Велјаноски на денешниот протест. Тој најави нивна присутност пред сите државни институции со демократски и мерки и блокади, но без насилство. Ќе го креваме гласот се додека не се реши политичката криза во Република Македонија, напомена Вељаноски.
{loаdposition content9}