Skip to main content

Србинот обвинет за убиството на Димитар Матилоски од Охрид ја призна вината

Српскиот државјанин обвинет за убиството на Димитар Матилоски од Охрид ја призна вината. Денес во Основниот суд, му се судеше на 29 годишниот Бојан Угреновиќ од Кралево кој минатата година на новогодишната ноќ на смрт го претепа Димитар Матилоски во центарот на градот. Процесот почна и заврши денес а пресудата допрва ќе биде соопштена.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во Основниот суд Охрид денес почна и заврши судскиот процес против србинот кој пред нецела година за новогодишните празници на смрт го претепа 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид. Обвинетиот српски државјанин Бојан Угреновиќ од Краљево на неговото денешно прво појавувување пред Судскиот совет ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците. Семејството на Матилоски во изминатиот период направило и приватно вештачење за овој немил настан, кое според сестрата на починатото момче Цветанка Матилоска-Пешиќ, покажало елементи и докази за свирепо убиство, но судот не ги зел предвид доказите од вештачењето. Таа рече дека семејството, роднините и пријателите на нејзиниот починат брат воопшто не биле задоволни од денешното судење.

„Не дојде во можност никаква да дојде нашето приватно судско медицинско вештачење кое што го правеше овластен неврохирург специјалист д-р Митре Миошески, тоа не дојде во судот. Обвинетиот ја призна вината, сега судот ќе му одреди минимална казна, незнам што би кажала крајно сме револтирани“ Очекувавме дека сепак судот ќе ги признае нашите докази, ќе влезат во судска постапка и дека ќе биде осуден за свирепо убиство, а тој сега ќе се суди за обично убиство. Денес скоро по една година тој изрази каење и жал за тоа што го сторил, нивниот адвокоат кажа дека изразиле сочуство до фамилијата а ние прв пат слушаме јас и мојата мајка и не сме добиле…и пред судот тоа го кажав никакво сочуство“.

Судскиот совет со кој претседаваше судијата Весна Кичеец, со ова рочиште и признанието на обвинетиот за стореното дело, практично го заврши главниот претрес во процесот, по што имајќи ги предвид сите докази од истражната постапка, дополнително ќе определи термин кога ќе ја соопшти пресудата. Инаку, Угреновиќ на новогодишната ноќ за банална расправија на смрт го претепа Димитар Матилоски пред угостителскиот обејкт во центарот на градот. 26 годишниот Димитар Матилоски било мирно и повлечено момче, никогаш не се тепал, ниту западнувал во проблеми.