Skip to main content

Србите најдобри купувачи во охридската чаршија

Туристите го одврзаа кесето, повеќе од минатите сезони. Охридските дуќанџии тријат раце и велат дека овие два месеци прометот е зголемен, туристите биле заинтересирани за асортиманот кој го нудат, а дел од нив биле и добри муштерии.

 |  Николоска Биљана  | 

Србите се најдобри купувачи во старата охридска чаршија. Но добри купци се и гостите од Холандија, Турција и соседна Албанија, израелците, хрватите и словенците. Вакви се видувањата на дел од охридските дуќанџии. Купувањето или шопингот е добредојден за сите. Без разлика дали станува збор за мажи или жени, секој сака да купува во рамките на своите финансиски можности, вели Кристина Крстевска од „Среќна куќа“.

„Можеме да кажеме дека претежно во месеците јули и август прометот е зголемен, меѓутоа може секогаш да биде подобро. Можам да ги пофалам странските купувачи оваа година, има некои што разгледуват, некои купуваат, но сепак зголемен е бројот од минатите сезони“.

И сопствениците на брендираните бутици задоволни се од продажбата на своите модели. Велат има добри познавачи на Лисца квалитетот и без размислување купуваат, но има и такви кои за прв пат се среќаваат со програмата на реномираната словенска фирма.

„Лисца е бренд познат низ цела Европа, посебно на Балканот и претежно туристите од балканов не посетуваат, а останатиот дел од туристите се информираат, ги разгледуваат моделите, но претежно пазарат балканските туристи од Србија“.

Разгледувањето на облеката претставува вистинско уживање посебно за купохоличарите, велат трговците со текстил.

„Имаме туристи влегуваат купуваат разгледуваат…ние сме задоволни.

Туристите посебно расположени за купување обувки. Цените им биле прифатливи па голем број од нив се подновуваат додека се на одмор вели Каљуш Кевни од продавницата за чевли „Себо“.

„Има туристи кои купуваат има и такви кои што само 

разгледуваат, се интересираат каква роба имаме некои работи им се допаѓаат, некопи работи им се интересни што ги немаат кај нив, има и што гледаат и што купуваат“.

Задоволни од остварениот промет последниве два месеци се и парфимериите. Маја Тилевска од парфимерија „Јувена“, вели дека туристите кои влегуваат во нивната парфимерија ги препознаваат оргиналните парфеми.

„Имаме посетеност на странските туристи во нашата парфимерија затоа што имаме добра понуда на парфеми и декоратива и купуваат. Имаме посетеност од израелци, турци, холанѓани, исто така и од срби, хрвати, словенци, но тие се во помал број“

Тилевска вели дека вистинско изненадување оваа сезона биле и туристите од Англија, кои често свратувале во нивната парфимерија за да си го одберат и купат својот омилен парфем.