Skip to main content

Научете основи на фотографија со охридската фотографка Анамарија Момироска во МЦО

Предавањето ќе се одржи во Младинскиот центар во Охрид, вечерва, во 18:45 часот.
 |  инфодеск  | 

Во Медија клубот при Младинскиот центар Охрид, веќерва ќе се одржи трета средба на тема „Основи на фотографија“ Гостин предавач ќе биде Анамарија Момироска – професионален фотограф на Охридњуз.

Доколку сакаш да ги подобриш своите фотографски вештини, те покануваме на третата средба на Медија Клубот во Младински Центар Охрид, каде ќе зборуваме за основите на фотографијата, информира организаторот.

Предавањето ќе опфати основни принципуи на кадрирање и композиција, како светлината влијае врз фотографијата, вовед во фотографските параметри – ISO, отвор и брзина на бленда и практична работа со професионална камера.

Предавањето ќе се одржи во Младинскиот центар во Охрид, вечерва, во 18:45 часот.