Градоначалникот Пецаков на средба со германската амбасадорка Дрекслер

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денес оствари протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.
На средбата се разговарало за досегашната успешна соработка меѓу локалната самоуправа и германските партнери, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување.

Посебен акцент бил ставен на значајните инфраструктурни и капитални проекти кои во моментов ги реализира Општина Охрид. Градоначалникот Пецаков ја информирал амбасадорката и за функционирањето на општинските јавни претпријатија, како и за активностите во делот на локалниот економски развој.
Во текот на разговорот било истакнато и значењето на германските компании во регионот, меѓу кои и Костал Македонија, која денес одбележува 10 години успешно работење.








