Средба Спасовски – Нухоџиќ: Заедно на пат кон ЕУ
Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора треба да се искористат за соработка во сите области од заеднички интерес а посебно во делот на интеграциските процеси во ЕУ.
Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора треба да се искористат за соработка во сите области од заеднички интерес а посебно во делот на интеграциските процеси во ЕУ.
На средбата на двајцата министери за внатрешни работи на Македонија и Црна Гора, Оливер Спасовски и Мевљудин Нухоџиќ ,што се одржува во Охрид, било договорено преку заеднички работни групи, да да се соработува во пристапните преговори во делот на ЕУ и да се искористат искуствата на Црна Гора како 29та членка на НАТО.
„За нас исклучително важно беше да договориме како да ги искористиме позитивните искуства од Црна Гора во периодот на пристапните преговори за НАТО и отварањето на преговорите за ЕУ. Посебно разговаравме за поглавјето 24 право, слобода и безбедност, прашање кое прво ќе се отвори на агендата за пристапните преговори за ЕУ. И тука ни е од посебна важност поддршката и понудата од министерот на Црна Гора да ни помогнат заеднички да ги совладаме сите овие чекори кои што се однесуваат на пристапните преговори во поглавјето 24. “ – истакна Оливер Спасовски – мин. за внатрешни работи на Р. Македонија.
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, која има отворено 31 и затворено три поглавја од преговорите за членство во ЕУ, го истакна расположението на владата во Подгорица преку сопствените искуства да и помогне на Македонија на нејзиниот, како што рече, значаен историски и стратешки пат кон евроатлантските интеграции. Нухоџиќ ја искористи приликата да им честита на граѓаните ан Македонија на отпочнувањето на преговорите со НАТО и при тоа ги потенцира бенифитите што ги носи членството во алијансата.
„Тој пат во НАТО, тоа членство во НАТО навистина носи бенефиции. Интегрирањето на балканските земји во НАТО допринесува за безбеден Балкан, за регионалната безбедност која е многу важна иато како и внатрешната безбедност на секоја земја. Црна Гора после тоа членство во нато го почувствува тој бенефит. Ние денес имаме поголеми инвестиции од порано, пред членството во НАТО.“ – Мевљудин Нухоџиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора
Безбедноста е важен , ако не и најважен, економски ресурс, кажа министерот и додаде дека Црна Гора покрај на инвестициите бележи значаен пораст и на бројот на странски туристи. Министрите за внатрешни работи на Македонија и Црна Гора на работната средба во Охрид потпишаа Меморандум за соработка во борбата против илегалната миграција и трговија со луѓе.