Среде струшко поле неколку дена гори градската дива депонија
Среде струшко поле неколку дена гори градската дива депонија.
Во Струга се продолжува со палење на градската депонија при што се загадуваат воздухот, водата и почвата. Четири дена стружани се трујат со чад и штетни материи кои се шират во воздухот од депонија која гори, а на која завршува секаков вид отпад.
Последен ваков инциден се случи кога непознат сторител ја запали дивата депонија за празникот Велигден. Општина Струга на својата веб страница соопшти дека на депонијата биле пронајдени гуми полиени со бензин, намерно запалени да предизвикаат пожар .
Од локалната ја информирале полицијата.
“Вакви настани сме имале можност да гледаме често во овие четири години, меѓутоа никој досега не е повикан на одговорност од министерството за внатрешни работи. Бараме соработка и разбирање од граѓаните и ве уверуваме дека вршиме големи напори за ситуацијата да биде под контрола. Очекуваме до утре изутрина проблемот да биде решен“, се вели со соопштението од Општина Струга.
И еколозите укажуваат дека ова е стар проблем со кој стружани се соочуваат подолго време. Она што ги загрижува стружани е што ништо не се презема за да се надмине овој еколошки проблем, вели Мате Гогоски од ЕД „Енхалон“. Гогоски додава дека потфрлиле и пожарникарите кои уште во првите моменти не интервенирале на гаснење на депонијата.
„ Во моментов се случува катастрофа. 4 дена гори депонијата , а никој не реагира “, вели Гогоски.
Од депонијата која е само на 2 км од градот и денес се издигнуваше чад. Екологот Берат Села од ЕД Натура, вели, дека ситуацијата е алармантна затоа што градот со години наназад никако да се справи со дислоцирање на депонијата. Од ден на ден депонијата за 15- тина години прерасна во рид од 10 метри среде струшко поле. Додава дека е потребно системско решавање на проблемот со депонијата .
„ Да се мисли трезвено и подлабоко. Треба многу средства за да се реши овој проблем. Ова не е проблем само на Струга, Охрид и околните градови туку е проблем во цела Македонија“, подвлекува Села .
Во Струга се продолжува со палење на градската депонија при што се загадуваат воздухот, водата и почвата. Четири дена стружани се трујат со чад и штетни материи кои се шират во воздухот од депонија која гори , а на која завршува секаков вид отпад.
Последен ваков инциден се случи кога непознат сторител ја запали дивата депонија за празникот Велигден. Општина Струга на својата веб страница соопшти дека на депонијата биле пронајдени гуми полиени со бензин, намерно запалени да предизвикаат пожар .
Од локалната ја информирале полицијата.
“Вакви настани сме имале можност да гледаме често во овие четири години, меѓутоа никој досега не е повикан на одговорност од министерството за внатрешни работи. Бараме соработка и разбирање од граѓаните и ве уверуваме дека вршиме големи напори за ситуацијата да биде под контрола. Очекуваме до утре изутрина проблемот да биде решен“, се вели со соопштението од Општина Струга.
И еколозите укажуваат дека ова е стар проблем со кој стружани се соочуваат подолго време. Она што ги загрижува стружани е што ништо не се презема за да се надмине овој еколошки проблем, вели Мате Гогоски од ЕД „Енхалон“. Гогоски додава дека потфрлиле и пожарникарите кои уште во првите моменти не интервенирале на гаснење на депонијата.
„ Во моментов се случува катастрофа. 4 дена гори депонијата никој не реагира “, вели Гогоски.
Од депонијата која е само на 2 км од градот и денес се издигнуваше чад. Екологот Берат Села од ЕД Натура. Вели дека ситуацијата е алармантна затоа што градот со години наназад никако да се справи со дислоцирање на депонијата. Од ден на ден депонијата за 15 тина години прерасна во рид од 10 метри среде струшко поле. Додава дека е потребно системско решавање на проблемот со депонијата .
„ Да се мисли трезвено и подлабоко. Треба многу средства за да се реши овој проблем. Ова не е проблем само на Струга, Охрид и околните градови туку е проблем во цела Македонија“, подвлекува Села .
Проблемот треба да се реши со заедничка соработка помеѓу институциите на државно и локално ниво и невладиниот сектор за изградба на регионална, современа депонија, укажува Села.
Стружани, организирани преку граѓанска инцијатива за денес преку социјалниет мрежи најавија дека ќе го кренат својот глас со протест пред општинската зграда. Екологот Села од ЕД Натура вели не сме против граѓаните да бараат решавање на еколошкиот проблем, но е потребна голема внимателност тензичната политичка ситуација во земјава да не се злоупотреби на овој граѓански протест.