Skip to main content

Средношколците неодлучни дали и каде да го продолжат образованието


Средношколците неодлучни дали и каде да го продолжат образованието. Оние кои сакаат  да продолжат на високо образование најзаинтересирани за студирање во странство. Здружението за иновации во библиотечното работење во чии рамки е и охридската библиотека се вклучуваат во помош на младите при  изборот на студиите и во вклучувањето на пазарот на труд. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските средношколци ќе добиваат совети како и каде по завршувањето на образованието со проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење. Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе им помага при насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се снајдат на пазарот на трудот и како да го изберат соодветното високо образование информира Јелена Петровска библиотекар советник од Битолската универзиетска библиотека Св Клиемент Охридски и претседател на УО на „Инова Либ“ од Радовиш. Младите ќе ги обучиме како најдобро да се претстават на пазарот на труд , а оние кои ќе студираат ќе ги насочиме при изборот, посочува Петровска. Додава дека досегашното нивно искуство од контактите со младите од земјава покажало дека тие се многу неодлучни каде и како да дојдат до правите информации.


„Тие се нова генерација и имаат пристап до информциите, но некако лутаат при изборот. Ние точно им посочуваме порталите и информации кои се целни и каде тие можат да ги најдат информациите според нивните потреби. Во огромното море информации за да добиете права информација тука се библиотеките кои ќе дадат информации за да се направи правиот избор“, напоменува Петровска.

Досегашните обуки со средношколци од Источна Македонија покажале дека младите се заинтерсирани за интерактивна соработка преку проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“. Најчесто поставувано прашање е како да заминат во странство, кажува Петровска.

“ За жал, можам да кажам, само прашуваат како може да заминат во странство да запишат студии. Ние им сугерираме дека владата прави напори младите да ги задржи.Има изготвена национална стратегија з а млади со која сака малдите да се задржат во земјата. Кажуваме дека има државни стипендии, на пазарот на трудот има многу дефицитарни занимања . Ги стимулираме младите да добивата повеќе информации од нашата држава и дека може да се вработуваат и да напредуваат во кариерата“, вели Петровска.

Се надеваме дека ќе успееме младите правилно да ги насочиме во изборот, а библиотеките од земјава активно ќе се вклучат во давањето услуги како средношколците полесно да се снајдат во светот на информациите, напоменува Јелена Петровска. Проектот „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење од Радовиш е финансиски поддржано до Амбасадата на САД во Македонија.