Skip to main content

Средношколци од Словенија приготвуваат македонски јадења и се запознаваат со убавините на Охрид

Тие заедно со нивните колеги од нашето угостителско училиште ќе подготвуваат македонски традиционални јадења како дел од нивната практична настава. Гостувањето во Охрид им е обезбедено преку Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти.

 |  Мишел Наумоски  | 
gotvaci praksa
готвачи пракса

Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости.

„Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што знаат и ни пренесуваат нас.“

praksa Slovenci„Ми се допаѓа местово, и училиштето и хотелот, нивната љубезност и вниманието кое ни го посветуваат.“

„Во Македонија јадењата се добри, вкусни, убаво е да се види како овде се работи и што употребуваат, како готват и ги зачинуваат јадењата.“

„Ние кога немаме часови во училница, излегуваме надвор па кога гостите ќе дојдат ги носиме на туристичките места и им го претставуваме градот. Имаме програм за мали деца, поголеми деца и возрасни. Лани имавме околу 60 автобуси кои дојдоа во Ново Место и на кои им ги презентиравме нашите програми.“

„Ова ми е прв пат во Македонија. Ова е прекрасно искуство. Никогаш не сум летала со авион и тоа беше ново искуство. Некои луѓе немаат можност да патуваат, но ние ја добивме и сме воодушевени и овде е многу убаво.“-рекоа учениците.

slovenija praksaПрофесорката Славица Штерк, која е ментор на учениците вели дека нивното патување и можноста за практична работа немало да се случат без соработката со средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

„Ванчо Питошески од Македонија ни беше првото училиште кое сакавме да го поканиме за соучество во овој проект од Еразмус плус, бидејќи Еразмус плус проектот овозможува бесплатно патување и посета на градот во кој се изведува пракса. Тоа е проект на Европската Унија кој почна во 2014та и ќе трае до 2020 година. Во тоа време е предвидена некоја сума од 15 милијарди евра за 5 милиони потенцијални учесници, средношколци, студенти, педагошки кадар, да се пријават и учествуваат во тој проект, да добијат нови знаења, искуства, можности за полесно вработување.“-вели професорката Славица Штерк од Центарот за биотехника и туризам-Грм-Ново Место.

За ваква практична настава и патување за учениците, аплицирале и од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Директорката, Весела Темјаноска не информираше дека за жал првата нивна апликација за патување во Мадрид била одбиена бидејќи некое друго училиште успеало пред нив да аплицира за оваа дестинација и да ги добие средствата. Сепак Темјаноска потенцира дека повторно ќе аплицираат за оваа локација со цел да им овозможат на охридските средношколци практична настава преку Еразмус плус програмата.

{loadposition content9}