Средствата за иновации, можност за нов бизнис
Прв пат во Македонија се доделуваат средства за иновации. Државата веќе обезбеди 600 000 евра а сите заинтересирани имаат можност со пилот проекти да аплицираат најдоцна до 18 ти април во Фондот за иновации и технолошки развој.
Добриот изум може да се претвори во успешна иновација. Компаниите и иноваторите денес во Охрид имаа можност да слушнат за финансирање на иновативните проекти и искуствата од регионот. Поддршката од државниот Фонд за иновации треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии, вели Катерина Кречева советник во одделението за подготовка на програми, додава дека преку тековниот оглас ќе се распределат 600 илјади евра за 20 компании.
„Би скале да ги охрабриме сите заинтересирани компании или претприемачи кои што сакаат имаат идеја сакаат да развијат бизнис да го погледнат јавниот повик и да аплицираат за овие средства кои што ги доделуваме“ – вели Кречева.
Сметам дека со ваквите презентации се отвараат можности за развој на бизнис во Охрид посебно кај младите луѓе, а со тоа се помага во насока што поголем број млади да работат на проекти од Р. Македонија за странство, вели Ангел Јанев заменик градоначалник. Додава дека до парите не се доаѓа лесно треба да се подготват апликации треба да има проекти кои не треба да бидат само список на желби туку има постапка по која што требља да се аплицира.
„Би сакал да го искористам овој момент повторно да ги повикам сите млади луѓе кои што имаат идеја и знаење не само диплома можат да дојдат до средства кои што се и тоа како потребни за имплементирање на тие идеи, се разбира овие финансиски средства за да ги добијат мора да исполнат и некои критериуми. Оваа презентација работи на тоа поле да ги каже критериумите да ги охрабри сите оние кои што и немаат фирми можат да основат фирми од една страна, а од друга страна и оние кои што имаат фирми кои што се не постари од шест години“ – вели Јанев.
Деновиве беше објавен првиот јавен повик за доделување парични средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Повикот е во рамки на инструментот “Ко-финансирани грантови за стартап претпријатија, спин-оф компании и иновации, односно за фирми што не се постари од шест години. Огласот е отворен до 18 април а претпријатијата со успешни апликации ќе добијат најмногу 30 000 евра по проект.
{loadposition content9}