Средствата од хуманитарните паркинзи донирани за Лулзим и Алпај
Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ донесоа одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираат онаму каде што тоа е најпотребно.
„Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба. Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. – објави градоначалникот Кирил Пецаков.
Градоначалникот воедно упати апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донираат.
Go fund me линкови каде може да донираат и оние кои во моментов се надвор од Македонија,
Лулзим Демирали – https://www.gofundme.com/…/fundraising-for-lifesaving…
Алпај (Џани) Муфти – https://www.gofundme.com/f/apel-per-ndihme-allpaj-27-vjec…
„Ги повикувам граѓаните и гостите во Охрид што повеќе да ги користат овие паркинг простори, бидејќи на тој начин индиректно помагаат таму кај што има најголема потреба.“ – порача Пецаков.