Се средуваат градските гробишта во Охрид
Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“, ги привршува активностите за средување на гробиштата.
Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“, ги привршува активностите за средување на гробиштата.
Деновиве беа зголемени активности на претпријатието кои опфаќаат одржување на јавната чистота, метење на улиците и патеките низ гробиштата, партерно и хортикултурно доуредување на одделни делови, метење и собирање отпад околу секое гробно место.
Извршено е комплетно прскање со хербицид на оние места каде не се предвидени зелени површини. Засадени се 2 000 садници сезонско цвеќе, 300 садници зимзелени дрвца, извршено е ѓубрење на засадените површини со околу 15 м3 природно ѓубриво и поставени се нови 20 пластични канти за отпадоци.
ЈП “Градски гробишта“ ги замолува сите граѓани од христијанска вероисповед кои за време на Велигденските празници масовно ги посетуваат градските гробишта во Охрид, како и до сега, да се придржуваат на воспоставениот ред и мир. Воедно од претпријатието на сите граѓани од христијанска вероисповед им ги честитаат Велигденските празници.
{loadposition content9}