Skip to main content

Среќен роденден „Десарети“

Лајонизмот и неговите хумани идеи стануваат се поприсутни во Македонија, но и во Охрид. Еден од првите лајонс клубови во Охрид, клубот „Десарети“ го прослави својот четврти роденден. На прославата беа присутни лајонс клубови и од Јордан, Либан, Албанија и Велика Британија.

 |  Мишел Наумоски  | 
lions
Лајонс

lions36 клубови, со околу 800 членови и 150 Лео клубови во Македонија. Лајонизмот и хуманите идеи кои се основата на неговото постоење, стануваат се поприсутни во нашата земја. Охрид е првиот град, покрај Скопје, во кој се формирани лајонс клубови со што се поттикна основање на вакви клубови и во останатите градови во земјава. Во моментот во Охрид функционираат три активни клубови и тоа: лајонс клубот „Охрид“, „Лихнидос“ и „Десарети“.

„Зад нас се секојдневно се бројни проекти на хуман план. Помош на луѓе на кои им е потребна помош, на таргет групи, на хендикепирани лица и помош на сите оние на кои им е исклучителна помош потребна. Вечерва ја имаме таа чест да го прославиме четвртиот роденден на клубот Десарети, а всушност е и момент каде што ние денеска остваривме многу значајна меѓународна средба од три држави.“-рече Д-р Сашо Василески-Гувернер на Дистрикт 132.

Идејата за формирање на лајонизмот во Македонија неофицијално започнува пред 17 години, но во изминативе 15, благородните идеи на лајонизмот и официјално се спроведуваат на дело.
lions
„Идејата во Охрид почна пред седум години со сегашниот гувернер Сашо Василески, поради одредени причини малку доцневме, меѓутоа во Охрид направивме три прекрасни клуба со прекрасни луѓте, видни луѓе во Охрид што нешто значат и за Охрид и за Македонија, ние исто така имаме и Лео клуб, имаме и кампови, идната година имаме и собир на лајонси-тврдини, околу 400 лајонси со што овозможуваме покрај добротворните цели да го развиеме и туризмот и Охрид да биде познат во целиот свет.“-вели Небојша Давидовски-Претседател на Советот на Гувернери

На прославата на четиригодишното постоење на лајонс клубот „Десарети“ покрај македонските лајонси беа присутни и лајонс клубови од Јордан, Либан, Албанија и Велика Британија.

lions„Имавме неколку денови за да ја разгледаме Македонија и јас сум воодушевен од фактот дека лајонизмот има можност да биде присутен во оваа земја. Сум го пропатувал светот за Лајонсите, како доброволец и како лидер и овде видов Лајонси од прва класа. Тоа дел од едно големо семејство на доброволци кои сакаат да придонесат нешто за својата заедница.“-изјави Фил Нејтан, кандидат за иден интернационален директор.

Прославата на роденденот на лајонс клубот „Десарети“ во духот на лајонизмот имаше хуманитарен карактер. Им посакуваме среќен роденден на лајонистите од „Десарети“ и ги поддржуваме идеите на хуманост кои тие ги шират.

{loadposition content9}