Skip to main content

Жена се изгубила додека собирала шумски плодови

Среќна завршница на потрага по исчезнато лице во Дебрца

Од ПСС Охрид апелираат до авантуристите и локалното население кое од различни причини се движи на планина и шумски предели, да бидат внимателни, соодветно опремени за условите.
 |  инфодеск  | 

На 19.06.2023 година, во 20:55ч., оперативниот центар на ПСС Охрид, од страна на СВР доби пријава за исчезнато женско лице на околу 32 годишна возраст, кое собирало шумски плодови во атарот на с. Горно Средорече. Веднаш по пријавата, согласно процедурите за пребарување и спасување во вакви ситуации, ПСС во соработка со КУЧЕ СПАСИТЕЛ излезе на терен со 9 припадници и едно куче за пребарување.

“По пристигнување на местото каде последен пат била забележана жената, во координација со членовите на семејството и мештани од соседните села, кои со неколку возила веќе ја пребаруваа пошироката област, во 22:30ч. ја започнавме потрагата, која за жал не даде позитивни резултати. Поради тешко проодниот терен, во густа дабова шума, акцијата беше прекината во 2:00ч. утринава, со план истата да продолжи веднаш по разденувањето. Во 6:00ч. утрово, тимовите на ПСС повторно се упатија на местото, но за среќа, акцијата беше прекината по 30-ина минути, по дојава од членови на потесното семејство на жената, со информација дека истата е пронајдена жива и неповредена. ” – информираат од ПСС Охрид.

Од спасувачката служба апелираат до авантуристите и локалното население кое од различни причини се движи на планина и шумски предели, да бидат внимателни, соодветно опремени за условите, како и да носат со себе доволно количество храна, течности и мобилен телефон со полна батерија.