Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери
Матурските и полуматурските вечери се наближуваат. Покрај тоа што наголемо се прават подготовки околу изгледот на матурантите и полуматурантите, се мисли и на нивната безбедност. Сите сакаат оваа вечер да им остане во пријатно сеќавање кое нема да го помати ниту еден инцидент.
Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се превземаат сите мерки за максимална безбедност на децата, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Свр Охрид секоја година на денот на одржувањето на матурите поставува посебни пунктови на повеќе места до хотелските објекти во кои слават матурантите и на тој начин безбедноста во сообраќајот е доведена на највисоко ниво. Тие не смеат со приватно возило да одат до хотелот туку превозот мора да биде организиран, а влезници за матурската вечер да им се делат во автобусите, а одговорните професори да имаат со себе список од родители на матуранти со телефонски броеви. Минатата година се изработија и флаери со позитивни пораки кои им се делеа на средношколците. Годинава пак на состанокот се предложи медиумски да се подигне свеста кај учениците и родителите за побезбедни матурски и полуматурски вечери. Во овој проект од самиот почеток активно е вклучена и Локалната самоуправа.
Консумирањето на алкохол во хотелот е ограничено, а ќе има и засилени контроли од страна на пазарната инспекција на околните продавници да го почитуваат законот за забрана на продажба на алкохол на малолетни лица после 21 часот. Ангажирани се и агенции за обезбедување на имот и лица. Матурантите од ЕМУЦ и од угостителското училиште ќе слават на 18 мај, а од гимназија на 20 мај.
{loadposition content9}