Skip to main content

Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ се сретна со охридските читатели

Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ се сретна со охридските читатели. Повод  за средба е најновата книга „ Последната пролет во Париз“. Познатата српска новинарка, водителка и писателка не го крие задоволството од постигнатиот успех на нејзините  два романи, Рингишпил и Писмото  на госпоѓа Вилма. Овие две книги се преведени и во нашата земја, а од пред една недела во продажба е и романот „Последната пролет во Париз“.  Авторката открива дека жанровски последниот роман се вбројува во историска драма со елементи на трилер. Приказна за едно белогардејско семејство кое ги поминува ужасите на едно историско  невреме.
ppp
„ Пораката  на „ Последната пролет во Париз“ е дека надежта и верата никогаш не умираат. Мојата хероина и покрај сите ужасни страдања во животот докрај верува дека некаде со добро ќе и врати животот. Го дочекала ова на крај од нејзиниот живот како правда и задоволство. Ова е ода за едно мајчинско срце и жена херој, на што се е подготвено мајчиното срце да издржи за да го заштити своето дете“, открива мал дел од книгата Бачиќ Алимпиќ.

Нејзините два романи Рингишпил и Писмото  на госпоѓа Вилма во библиотелите во Србија се најчитаните и најбарани книги. Читателите и го донесоа приматот како најчитан домашен автор  во последните 15 години. Романите исто така се барани и читани  од двата пола и во Македонија , посочува позната новинарка и писателка Бачиќ Алипмиќ .
jelena ba

„ Овие книги ги читаат девојчина од 14 – 15 години, и баби од 90. Тоа се книги за широка читачка публика. Овде нема порнографија, непристојни зборови, голишави сцени што не би можел да ги прочита некој во рана тинејџерска возраст или во зрели години.“

Писателката раскажува дека  на најновиот роман „Последната пролет во Париз“  истражувала и работела две години. Јелена Бачиќ Алимпиќ најавува дека ќе зпочне со пишување ново дело веќе од наесен. По 27 години поминати во новинарските води  започна нов циклус во својот живот и избра писателска кариеара или како што вели одбрав да бидам целосно  своја.

{loadposition  content9}

 |  Валентина Неловска  | 