Skip to main content

Српската заедница од Охрид денес ќе го одбележи големиот празник Свети Сава

Денес, српската заедница од Охрид во 14:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.
 |  инфодеск  | 

Денес, српската заедница од Охрид во 14:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.

-Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, додаваат во соопштението.

Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над 300 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат големиот празник.

Согласно постоечкиот закон за празници, денешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница.