Skip to main content

Српската заедница од Охрид во сабота ќе го одбележи големиот празник Свети Сава

Сите кои сакаат да присуствуваат на прославата, можат да се пријават најдоцна до четврток, 25-ти јануари 2024 година.
 |  инфодеск  | 

Српската заедница од Охрид, во сабота, на 27-ми јануари 2024 година, во 12:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.

Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, информираат организаторите.

Сите кои сакаат да присуствуваат на прославата, можат да се пријават најдоцна до четврток, 25-ти јануари 2024 година кај претседателот Среќко Стојановиќ, на контакт телефонот 070/232-888.