Skip to main content

Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава

Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава.

 |  Валентина Неловска  | 
срби

По 9-ти пат членвите на српско- македоското друштво Коштана од Охрид го прославија парзникот Св Сава. За српката заедница во Охрид парзникот Св Сава има посебно значење, напоменува Сречко Стојановиќ претседател на српско – македонското друштво Коштана.

срби„ Св. Сава се издвојува од другите светители како еден од поважните во нашата историја. Тој е прв дипломат кој успеал од Византија да ја издвои Печката патријаршија како самостојна  српска православна црква  “ подвлекува   Стојановиќ.

Во Коштана има околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат Св Сава. Се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки подготвуваат  богата трпеза.

„Ние го прославуваме како слава на здружението традиционално по 9 пат. Од донесувањето на Законот во Македонија со кој Св. Сава се прогласи за државен празник на срската заедница“, посочува Стојановиќ.

 

св саваВо Охрид, и покрај тоа што не е направен попис, се претпоставува дека живеат околу 700 Срби, нагласува    претседателот српско – македонското друштво Коштана