Денеска во Охрид сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура до 22 степени.
Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во петок.
фото: Ѓоко Симјаноски