Skip to main content

Стационарот за згрижување кучиња на Мауцкер ќе стартува од февруари

ЈП Комуналец ја доставило Програмата за работа до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство. Првите заловувања на бездомните кучиња се очекуваат по изборот на ветеринар кој ќе се грижи за нив.

 |  Валентина Неловска  | 

Стационарот за згрижување кучиња скитници ќе почне со работа од  февруари идната година.  Љупчо Грданоски директор на Охридски комуналец информира дека јавното претпријатие е  подготвено  да ја преземе грижата за кучињата скитници. Службите  го изготвиле планот и програмата за работа на стационарот на Муцкер. Прогармата е веќе доставена   до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство, кажува Граданоски.Со програмата се предвидува дневно да се заловуваат по 30  напуштени кучиња или третман да добијат околу  300 кучиња годишно. За функционирање на стационарот првично се планирани  1.200.000, 00 денари. На Муцкер се поставени 5 кафези, набавени се возила за заловување, а по зеленото светло од Агеницијата за храна и ветеринарство ќе  следува распишување тендер за избор на ветринар кој ќе дава ветеринарни услуги на бездомните кучиња.  Со овие третмани и задолжителното чипирање на домашните миленици се очекува намалување на кучиња скитници по улиците и парковите во Охрид.