Skip to main content

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“  со петиција бараат  конечно да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси пред нивната зграда. Преставката е доставена до Локалната самоуправа, а го повикуваат и СВР. Од таму велат дека ќе почнат да казнуваат сите оние кои го загрозуваат Законот за безбедност.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по пат на петиција на 11 јули поднесоа преставка до Општина Охрид во која се бара најитно да ги преземат сите мерки за извршување на одлуката донесена од страна на Советот на општина Охрид со која се забранува запирање и паркирање на секаков вид на автобуски, минибуски и комби превоз на патници, освен на учесниците во општинскиот линиски превоз на патници согласно регистрираниот возен ред.

До овај момент ние како СВР Охрид немаме добиено ниту една поплака од граѓаните посебно од овој дел тука за одредени аномалии во нормалното одвивање на сообраќајот. Јас ги повикувам секоја своја забелешка да ја достават до нас по писмен пат или да дојдат во СВР каде ќе бидат примени и сослушани и ќе биде евидентирана нивната забелешка, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Неодамна на иницијатива на СВР Охрид се одржа и координативна средба со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид. Беа договорени интензивни мерки кои полициската станица за безбедност во сообраќајот ќе ги презема ова лето заради елиминирање на одредени проблеми во сообраќајот, посебно евидентни во текот на туристичката сезона. Со одредување на прецизно определена рута и паркинг места каде на кратко може да засатануваат туристичките автобуси, се очекувашe да се стави ред при нивното движење низ градот. Но ситуацијата воопшто не е променета. Сообраќајната полиција која е најповикана да го реши хаосот како да не гледа ништо иако се се случува пред нејзини очи.

Првенствено во нашето работење и ова година ќе биде превентивното работење и укажување на сите учесници во сообраќајот. Се она што е надвор од почитувањето на правилата и прописите и се4 коси со одредбите во законот за безбедност во патниот сообраќај ќе биде предмет на санкционирање. Се што понатака ќе се презема од овај момент ќе биде казнување на сите оние кои го прекршуваат Законот за безбедност во сообраќајот, вели Димоски.

Останува да видиме дали навистина овој проблем конечно ќе се реши и дали СВР Охрид ќе ги спроведе најавените санкции.