Skip to main content

Станарка од социјалната зграда во Охрид штрајкува

Поради нефункционирање на лифт, станарка од социјалната зграда штрајкува пред охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

 |  Николоска Биљана  | 

Атеме Арслан од денес штрајкува. Таа бара веднаш да биде пуштен лифтот во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“, а во спротивно ќе штрајкува пред охридската подружница на Акционерскот друштво за стопанисување со станбен и деловен простор се додека директорот не постапи по нејзиното барање, како што изјави таа за ТВМ.

Јас сум револтирана што 6 години живееме во социјалната зградаа играат со нашите животи. Лифтот под итно да се пушти и старите мајстори за сервис да ги вратат, бидејќи во нашата зграда има болни луѓе инвалиди, јас сум оперирана треба да работам и да ги хранам децата а затвореноа сум дома заради лифтот

Арслан предочи дека за овој проблем го информирала и директорот. Таа уште еднаш преку медиум го замолува директорот да има разбирање, во спротивно се заканува со тужба.

Како знае да преземе мерки…ако тој нема надлежност за потписи и за барања, нема надлежност ниту да го затвори лифтот. Лифтот работеше само 5-6 месеци, после тоа го затворија и веќе три месеци не работи…што со болните луѓе, што со нас, дали ние во социјалната зграда сме играчка.

Нашата соговорничка се пожали дека во социјалната зграда се краде, се криши и уништува а куќниот совет, не презема ништо. Таа бара промена на куќниот совет, односно да биде избрано одговорно раководство кое ќе се справи со проблемите кои ги има секојдневно во нивниот влез. Арслан истакна дека за ова ќе го извести и инспекторот за домување.
Директорот на подружницата на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Гоце Георгиевски рече дека запознат е со проблемот. Тој смета дека сосема се легитимни барањата на станарката од социјалната зграда. Георгиевски пренесува дека остварил средба со претставниците на куќниот совет со кој било разговарано за лифтот и останатите проблеми со кои се соочуваат сите станари во социјалната зграда. Директорот им укажал дека во моментов се бара фирма од страна на Акционерското друштво која може да го изврши техничкиот преглед на лифтот. Тој најави дека лично со проблемот ќе го запознае и генералниот директор на АД со цел да се направат напори овој проблем најитно да биде решен. Ова е официјалниот став на директорот на охридската подружница кој требало од страна на претставниците на куќниот совет да биде пренесен до станарите, а зошто не е така постапено Георгиевски за тоа нема надлежност.