Skip to main content

Станоиздавачите очекуваат поголема помош од институциите

Станоиздавачите очекуваат поголема помош  од институциите.

 |  Валентина Неловска  | 
sobi
sobi

Приватните станоиздавачи очекуваат поголема помош  од институциите. Со решавање на напластените  проблеми  кои  се рефлектираат на нивната работа се надеваат на подобра бизнис клима. Приватното станоиздавање е  наша егзистенција и кој би сакал да работи со некој кој не работи добро, вели Орхидеја  Топенчарова. Додава  дека  добро би било да се одобрат поволни кредити за приватните станоиздавачи да  понудат поквалитетно сместување во градот.

„ Ние работиме, но треба реновирање , постојано молерисување, треба да го задржиме нивото да се привлечат гостите и да бидат задоволни од хигиенате. Она што сме го понудиле на сајтот да најдат повеќе, а не   помалку. Сметам дека кредитите што беа одамна најавени со пониска каматна стапка и со грејс период крајно време е тие да се активираат. Нас не ни треба агенција толку колку што ние е потребно обединување на приватните станоиздавачите во здружение и да ги кажиме нашите потреби.“
sobi
Топеначрова се жали и на работата на агенциите и туристичките бира. Таа вели дека не виделе никакво фајде од законската обврска да работат  со Агенциите. Како исклучок ја споменува по  професионализмот агенцијата  Травел 2. Од другите ретко добиваме резервации и кога сме имале резервации никогаш навреме не ги исплаќаат. Слична е состојбата и со градските инфо бироа, напоменува Топеначарова.

„ Имам  примедба на инфо бирата. Колку се таму вработени, што работат? Нека ги стават на процент, како што работат другите што наоѓаат сместување и ќе видите дали ефектот  не ќе е  поголем.“

Приватните станоиздавачиод мал обем засега се препуштени сами на себе без здружение.  
Топнечарова излезот од напластените проблеми во нивната бранша го гледа само во формирање на здружение на станоиздавачи од мал обем. Проблемите може да ги  решат само  оние кои директно се инволвирани, а да не одлучуваат другите за нас кои не се засегнати и не работат во оваа дејност, категорична е Топенчарова.

{loadposition content9}