Skip to main content

Станоиздавачи од зградите револтирани не се продолжуваат решенијата за издавање на станови

Станоиздавачи од зградите револтирани  не им се продолжуваат  решенијата за издавање на станови.

 |  Валентина Неловска  | 
stanizdavaci

 

Околу 20 – тина станоиздавачи од мал обем кои издаваат соби во колективни станбени згради со Тлер   не може да ги обноват решенијата за категоризација на леглата. Тие се револтирани заради  тоа што среде лето се спречени легално да работат.


tler„ Бараме да се продолжи со издавање на решенија за категоризција. Оние  што им помина рокот од 3 години. Нови не се издадени еден месец. Добивме информација од Тлер дека до Министерството за економија се поднесени на повеќе пати барања за да се добијат. Ги замолуваме  да биде  што побрзо во ек на сезона не може да ги откажуваме резервациите“, вели Сузана Лазаревска станоиздвач од мал обем воколктивна станбена зграда.

Многу од нив велат дека нивните семејства живеат од оваа дејнст. Станоиздавачите се надеваат дека надлежните ќе смогнат сили за да се надмине овој проблем заради тоа што не губат само тие туку и туризмот во градот.


sostanok„ Да тоа е најголем проблем сите луѓе кои имаат резервирано во овој  период се ставени во незавидна положба и треба да се откажуваат резервациите“, вели и станоиздавачот Јован Лазарески.

Од Тлер за настанатата ситуација и револтот кај станозидавачите од оваа категорија појаснуваат дека е последица од измените во Законот за угостителска дејност  поднесени од  Хотам од пред една година. Со  тие измени побарано е да не се издаваат решенија за давателите на услуги од мал обем во колективни станбени згради со цел да се намали сивата економија. Раковоителот на секторт за  Тлер , Ѓоко Апостолов вели  дека тогаш не се согласувале со нивната причина, но законските измени во член 46 од Законот за угостителска дејност сега не им дозволуваат да издаваат решенија. Според тој закон едно физичко лице може да добие решение за оваа дејност само за издавање на 10 соби со 20 легла под еден покрив. Тие побарале од министерството за економија конкретни предлози за толкување  и измена на овој член за да им се овозможат на сиет даватели кои гиисполнуваат критериумите да вршат дејност.

„ За жал и покрај упорното настојување и јавување преку дописи до овој момент нема до нас конкретни толкувања. Иако има информации дека одредени решенија се изменети и се  на потпис, а ние ги немаме“, појаснува Апостоплов.

Ѓоко Апостолов дополнува дека Локалната самоуправа и Тлер се на страната на граѓаните и туризмот.   
Од ова дејност живеат околу  420 станоиздавачи   категоризирани како  даватели на угостителски услуги од мал обем во колективни станбени згради. На некои од нив  им  измимува трајноста на решенијата од три години, а нови не можат да добијат заради тоа што не исполнуваат повеќе критериуми. Според новите измени во Законот за угостителска дејност не може да добијат решенија и станозидавачите од  објекти кои немаат имотни листови и  објектите кои  се во процес на легализација.

Инаку, на денешната средба на засегнатите станоиздавачи и претставници од ТЛЕР медиумските екипи очигледно не беа пожелни во општинската зграда. Разговорот се одвиваше на скалите пред зградата. Образложението беше дека станоиздавачите не ја известиле општината за средбата.