Skip to main content

Станува алармантно семејното насилство во Охрид

Во центарот за социјална работа дневно пристигнуваат најмалку по две пријави за насилство. Насилството има  во браковите  и со подолг  и со пократок брачен стаж. Социјалните работници велат дека овој социјален феномен се должи на намалената толеранција предизивикана од пандемијата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус на  семејтсвото.

 

„Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или без доход, невработени или лица во социјален ризик, насилството не познава граници“.

Насилство трпат во поголем број слуачи жените и децата. Од оваа социјална девијантна појава не се поштедени сопружниците од браковите и со подолг и со пократок брачен стаж.

„Причината се должи на ковидот. На карантинот, долг период што моравме да сме во еден простор, излолирани. Толеранцијата се намали, многу фактори влијаат на тоа. Тоа е еден феномен што не може да се објасни со една реченица, многу работи влијаат врз семејното насилство“.

Социјалните работници според новиот Закон за семејно насилство се должни да постапат по 12 часа од пријавата на полицијата. Тие утврдуваат дали станува збор за семејно насилство или расправија. Во моментов во шелтер центарот е згрижена една жена со три деца.