Стариот текстил одложете го правилно во хипо-контејнер поставен во „Охридски Комуналец“
Од ЈП „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека правилната селекција на отпадот е обврска на сите и значаен чекор кон почиста и поздрава животна средина.

Граѓаните на Охрид денес и утре ќе имаат можност правилно да го одложат стариот текстилен отпад во специјално поставениот Хипо-контејнер, кој се наоѓа на влезот на ЈП „Охридски Комуналец“ – Одделение за механизација, на улицата „АСНОМ“, веднаш до објектот на ЕВН.
Од јавното претпријатие апелираат текстилниот отпад да се одлага во ќеси, со цел полесно собирање и понатамошна обработка.
Воедно, се замолуваат граѓаните во контејнерот да не оставаат стари обувки, чанти и друг вид отпад што не спаѓа во категоријата текстил.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека правилната селекција на отпадот е обврска на сите и значаен чекор кон почиста и поздрава животна средина.




