Старите навики, некои охриѓани тешко ги менуваат
Некои охриѓани сеуште се надеваат дека доколку сметот од своите домови го оставаат на местото каде некогаш беа поставени контејнерите за отпад на булеварот „Туристичка“, истите ќе бидат вратени на старото место.

Иако контејнерите за отпад се дислоцирани само на триесетина метри, позади зградата каде некогаш беше сместена дирекцијата на „Скопксо поле“, сепак некои несовесни граѓани повторно го оставиле сметот на старото место.
Ј.П. „Охридски комуналец“ пред самиот крај на минатата година, ги повика советите на станбените згради да се состанат и одредат локации за поставување на контејнерите за отпад, со напомена дека истите не треба да зафаќаат делови од сообраќајните патни површини, односно да не го попречуваат патниот сообраќај.
Од јавното претпријатие уште пред повеќе од месец и половина потенцираа дела за непочитување на Законот за јавна чистота несовесните граѓани ќе бидат соодветно санкционирани.
{loadposition content9}