Skip to main content

Превоз на патници

Стари проблеми со такси превозот во Охрид

70 годишниот Милосав Павловски, жител на старт град, бара од Општината да му објасни дали постои начин граѓанинот да биде заштитен од самоволието на поедини такси превозници. Тој преку Рубриката „ Ти си твојот град“ се пожали дека иако летната туристичка сезона е завршена, проблемите со такси превозот во Охрид продолжуваат. “ Милослав и неговата сопруга во поодминати години секогаш кога ќе ја напуштат куќата во Варош, неизвесно е дали ќе најдат такси превоз да се вратат дома.
 |  Маја Савиќ  | 
Милосав Павловски

Проблемите со такси превозот во Охрид и по завршување на туристичката сезона продолжуваат. Во рамки на рубриката „ Ти си твојот град “ на ТВМ продолжуваат да пристигнуваат жалби и поплаки за услуги на поединечни такси превозници. Милосав Павловски со својата сопруга , во поодминати години, кога ќе слезат од стар град секогаш се во неизвесност дали ќе најадат такси превоз да се вратат дома.

Последното негативно искуство било пред неколку денови кога во доцните вечерни часови кај пристаништето побарале од двајца таксисти да ги превезат до стариот дел од градот,но добиле одговор дека „Варош не возеле“. Се упатиле кај постојката кај градскот пазар, таму да си ја пробаат среќата.

Имаше 4 такси возила, кои одбија да не превезат , рекоа дека до Варош не возиме. Имаше уште едно такси од компанијата Мерцедес кое не превезе во стариот дел на градот.“, вели Милосав Павловски жител на Варош.

85 % од граѓаните се незадоволни од такси услугите во Охрид, покажаа резултатите од анкетата која ТВМ ја спроведе во Август годинава прекуТи Си Твојот Град . На прашањето која негативна појава при користење такси услуга им се случила, најголем број од анкетираните граѓани посочиле дека таксистот одбил да ги вози на одредена дестинација. Тоа е реален проблем за граѓаните како Милосав кои навистина имаат потреба од такси превоз.

Не можам да сфатам ние на 70 годишна возраст, практично бевме останати беспомошни на улица, пешки не можевме да се вратиме дома, а таксистиве не не превезуваат. Ме интересира како граѓанин, дали е тоа политика на компаниите или тоа е самовластие на возачите, а советот како издавач на лиценците за такси превоз барам да испита на кој начин можат да не заштитат.“, прашува Павловски.

Претставници на такси компаниите во Охрид не сакаат да зборуваат пред камера. Едни воопшто не сакаат да го кажат својот став за темата која со години се наметнува како проблем. Други пак сметаат дека политиката на нивните компании е да ги опслужат сите, а посебно граѓаните со попреченост и повозрасните лица. Сметаат дека лошата слика за такси услугите во градот ја креаираат поединци на кои такси превозот не им е примарна дејност.

Во Април годинава, во пресрет на туристичката сезона кога негативните појави во такси прецвозот се најзастапени, од општината и градночалникот Кирил Пецаков беше најавено поставување информативни табли со број на кој незадоволни граѓани и туристи ќе можат да пријавуваат такси превозници и засилена инспекциска контрола на такси превозот. ТВМ кон крајот на сезоната побара информација од локалната што од планираното спровеле во врска со проблемите на охриѓани со такси превозот, но како и такси компаниите, и од Општина Охрид не сакаа да разговараат на оваа тема.