Skip to main content

Старите лица од геријатрија се помолија во Св. Климентовата црква на Плаошник

Руса Шокороска е веќе пет години на геријатриското  одделение при општата болница Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Rusa Sokoroska
Руса Шокороска
Таа денес заедно со 20 – тина нејзини пријатели, сместени на ова одделение се  помолија и запалија свеќа и се помолија за здравје во Св. Климентовата црква на Плаошник.

На нивните лица се чувствуваше среќа. Активистите од  Црвениот крст им  овозможија да ја почуствуваат пред Велигденската атмосфера. Овој излет на Плаошник за старите лица, штитеници на  геријатриското одделение  им го овозможија 10 –тина волонтери на Црвениот крст. Прошетката е  во рамките на програмата на социјално – хуманитарните активности вели СашоТочков претседател на  Црвен Крст Охрид со цел старите лица да не почуствуваат дека се заборавени . „Ние се трудиме со сета своја енергија да им ги разубавиме овие празнични денови “ кажува Точков.

stari licaНачалникот на геријатриското одделение Д-р Севим Селим вели дека на   Плаошник нивните штитеници ги носат веќе  втор пат , за да ги  одбележат Велигденските празници. Често се трудиме на старите лица да им овозможиме  излети и тоа најчесто во пролет и есен вели д-р Селим. Им оргамизираме прошетки до Билјанини извори или ги носиме во ближниот манастир Св. Петка со помош на спонзори и активисти  на Црвениот крст додава д- р Севим Селим.

 

{loadposition content9}