Skip to main content

Голема показна вежба за спасување на давеници на старото пристаниште во Охрид

Специјалните тимови покажаа дека се подготвени за делување во секакви ситуации.

 |  Маленкова Татјана  | 
vezba spasuvanje davenik
вежба спасување давеник

Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што заеднички ги реализираат Црвен крст Охрид и Операцијата Флоријан од Англија,  денеска на потегот на старото пристаниште во Охрид, се одржа голема показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.
Оваа вежба претставува резиме на она што го поседуваме од капацитети и техника, како и координацијата со надлежните институции кои интервенираат во случај на несакани последици во Охридското Езеро.
На показната вежба која се изведе на пристаништето спроти хотелот Палас учествуваа припадници на пограничната полиција, езерската полиција, противпожарната едниница, Црвен Крст и итната медицинска помош.

„Вежбата помина онака како што предвидовме во најдобар ред. Беа извлекувани четири давеници три vezba spasuvanje davenikактивни еден пасивен. На сите им беше укажувана прва помош, реанимација и спасување. Благорадарност на операција Флоријан за сите напори што ги прави и за соработаката. Од годинава и малку подлабока соработка и со локалната самоуправа каде започнаа преговори за поконкретни соработки во смисла на обука, но и во смисла на матријално техничка помош од операција Флоријан“, истакна претседател на ОО на Црвен Крст, Сашо Точко.

Противпожарната единица повеќе од подготвена за делување во несакани случаи, благодарение на обуките на Црвениот крст и добротворната организација Операција Флоријан од Англија со која соработуваат од 2009 година.  „Секоја импровизација е добредојдена да ја видиме нашата подготвеност. Пет години се обучуваме за спасување на давеници  и  делување при незгоди на пловни објекти“, вели командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.

vezba spasuvanje davenik„Ние ги задоволуваме сите технички и тактички норми за успешно дејствување без разлика дали се работи за пожар на отворен простор за пожар на објекти. Ние сме спремни целокупниот персонал од нашата служба е обучен за спасување на давеници во недај боже во несакана ситуација на пловни објекти на Охридкото езеро“, истакна командир на Противпожарна единица, Спасе Прентоски.

Претседателот на ОО на Црвениот Крст категоричен дека потенцијалите и капацитетите кои ги обучуваат секоја година се на високо ниво. Точков вели дека човечките капацитети секоја година се на највисоко ниво, и додава дека со матријалните ресурси треба да ги прати и државата и локалната самоуправа.

Претставници на Операцијата Флоријан на командирот на противпожарната единица во знак на благодарност за успешно завршените обуки и вежба му поклонија дефибрилатор.   


 {loadposition content9}