Староградска вечер и изложба вечерва на Ohrid Water Festival
Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival вечерва се превидени неколку настани.
Во 19 часот на „Кеј Македонија“ пред хотел Нова Ривиера ќе се одржи настанот 30 години УНДП во С. Македонија, а ќе биде поставена и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“ на Клубот за подводни дејности Охрид.
Во 21:00 часот, на истата локација, уживајте во староградска музика на концертот на Охридскиот камерен оркестар во рамки на Ohrid Water Festival. Влезот е бесплатен.


