Skip to main content

Со стартот на грејната сезона Охрид се гуши во загаден воздух

Причините енергетската сиромаштија, голем  број домакинства се греат на дрва, но и претераната убранизација и намалувањето на зелената инфраструктура.
 |  инфодеск  | 
Охрид од стар град

И охриѓани дишат загаден воздух. Со стартот на грејната сезона градот се соочува со лош квалитет  на воздухот. Мерните  станици покажуваат  просечно,   но  во ноќните часови  и енормно загадување.

Главната причина е енергетската сиромаштија. Поголемиот број  домаќинства се  греат на  дрва, тоа им е најекономично.

Според научната фела градот се гуши и поради претераната  урбанизација  и намалувањетое на зелената инфраструктура на крајбрежието.  Висококатниците на брегот ја  намалуваат  циркулацијата на  воздухот и ветровите.

Самиот град со оваа динамика јасно е дека се задушува,  ние не претендираме на тоа градот да стане метропола, туку да биде едно пријатно туристичко катче кое на оптимален начин ке може да ги прифати туристите, вели професорот Науме Мариноски.  

Општината изработи План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, според градоначалникот решението е гасификација.

Дефинитивно најголемиот загадувач е огревното дрво врз основа на она што го кажуваат експертите, кога веќе е детектиран најголемиот загадувач е можеби она што во иднина треба да претставува дотокот на гас односно гасификацијата, вели Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид.

За разлика од минатото Охрид  последниве  неколку години  високо котира на листата најзагадени градови во земјава.

Новинар Соња Рилковска