Skip to main content

Стартува ревизија на книжниот фонд во охридската библиотека

Стартува ревизија на книжниот фонд во охридската библиотека.

 |  Валентина Неловска  | 
biblioteka
biblioteka

Во Националната установа библиотеката Григор Прличев од 15 јуни ќе започне  едномесечна ревизија на книжниот фонд. Читателите пред почетокот на оваа постапка имаат обврска позајмените книги од библиотеката да ги вратат до 5 јуни. Библиотеката на тој начин ќе добие прецизна слика каков е кавлитеот и квантитеот на книгите со кои располага, напоменува директорката на установата Александра Белеска.

„ Оваа постапка не е нова ,  вообичаена е пракса за добивање показатели за книжниот фонд за квалитетот и квантитеот на ресурсите со кои располагаме. Добиваме показатели за инвентарната книга и дали треба д асе изврши промена на набавната политика на нови книги.“
knigi
Со одлука на УО на библиотеката читателите доколку ги  оштетат позајмените  книги ќе бидат казнети  во висина од вредноста на книгата. Ваквите случаи се многу ретки, информираат од  библиотеката.  Охридските читатели се однесуваат одговорно кон позајмените книги и најчесто ги враќаат книгите неоштетени. Чителите се повеќе се враќаат во библиотеката, кажува Белеска.

„ Има зголемување на читателите. Огромен е интересот за македонските автори. Се бараат книгите на Винка Саздова и Гоце Смилески, но барани се и странските автори. Ние постојано го обновуваме книжниот фонд и со стручна литература о дс коро сите области и со белетристика“. 

Проширувањето на библиотеката во нови простории кои неодамна беа најавени,  читателите можат да ги  очекуваат дури од идната година. Директорката Белеска напоменува дека во јуни ќе поднесат  апликација до Министерството за култура за проектот за дисперзија на просториите на библиотеката. Во новите простории се планира  сместување на детско одделение и читална за возрасни.    

{loadposition content9}