Skip to main content

Стартува субвенционирањето на туристичката такса

Наместо примена на репресивни мерки општина Охрид излегува со стимулативни мерки. Локалната самоуправа на Охрид го најави почетокот на субвенционирањето на туристичката такса во приватниот сектор.

 |  Николоска Биљана  | 
goko subvencii
гоко субвенции

Стартува субвенционирањето на туристичката такса за охридските станоиздавачи од мал обем. Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и официјално ја промовира оваа долгонајавувана одлука. Денес, како што соопшти градоначалникот, објавен е и јавен оглас за пријавување на станоиздавачи кои сакаат да користат субвенции.

bakraceski„Како што и сами знаете на една од претходните седници на Советот на општина Охрид донесовме одлука со која што одвоивме ставка од буџетот на општина Охрид во висина од 1.800 000 денари, со цел да се субвенционира 50% од висината на туристичката такса, што би подразбирало 20 ден. од секое ноќевање кое што станоиздавачите уредно го пријавиле“– вели Бакрачески.

Со цел да се избеге прикривањето на дел од ноќевањата во приватниот сектор, како и да се допринесе да се зголеми наплатата на туристичката такса, Секторот за ТЛЕР и Локалната самоуправа ја донесе одлуката за субвенционирање на станоиздавачите од мал обем, нагласува Ѓоко Апостолов. Тој додаде дека со тоа сакале наместо репресивни, да применат стимулативни мерки, а тоа веќе вродило со плод.

goko i bakraceski„Според податоците од одделението за финансии за буџет од 01 јануари годинава до 31 март во касата на општина Охрид се слеани 849 021 денар или тоа е за 39% повисоко од минатата година значи без денешната најава за почетокот на субвенционирањето, најавите кои што ги имавме претходно дека од 01. јануари годинава ќе има субвенционирање веќе се покажа дека вродуваат со плод. Јас сметам дека оваа мерка ќе биде еден стимул за приватните станоиздавачи како и дел од другите мерки кои што Локалната самоуправа и градоначалникот ги најавија како помош на приватниот сектор во туризмот во Охрид“– изјави Апостолов.

Досега во Секторот за туризам и локален економски развој се регистрирани околу 2.100 станоиздавачи од мал обем, кои според законските прописи се должни да водат евиденција на домашните и странските туристи и редовно да ја уплаќаат туристичката такса.
Апостолов нагласи дека наплатата на туристичката такса ќе се одвива во два временски интервали годишно и тоа од 01јануари до 30 јуни во тековната година и од 01 јули до 31 декември така да сите оние кои што оваа година законски си ги регулирале своите должности, односно ги пријавувале гостите и уплатувале туристичката такса ретроактивно од 01 јануари годинава ќе можат да се пријават.

{loadposition content9}