Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека отварат нова линија – зелен телефон и ги повикуваат сите граѓани да ги пријавуваат сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад. Воедно на истиот телефон можат да ги насочат сите прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид.
– Потсетуваме дека засега селекцијата е започната на улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”, кадешто пред неколку месеци беа поделени жолти и сини канти. За следните населби кои ќе бидат вклучени во процесот на примарна селекција ќе бидете благовремено известени, велат од претпријатието.
Инаку, со Хорека проектот селекција на отпад ќе започнат и девет хотели и 11 училишта до крајот на годината.