Skip to main content

Возобновена авио врската  Белград – Охрид

Стартуваше сезонската авиолинија Белград – Охрид

Денес на охридскиот аеродром пристигна првиот авион од Белград на авиокомпанијата Ер Србија за оваа туристичка сезона. Со ова авиоповрзување се очекува пораст на српските туристи на охридската ривиера.
 |  инфодеск  | 
belgrad-ohrid

Се возобнови авиолинијата Охрид Белград. На охридскиот аеродром Свети Апостол Павле попладнево пристигна првиот авион на релација Белгард Охрид. Компанијата Ер Србија ова лето  ќе оперира четири  пати неделно, а се очекува да ги врати српските туристи во земјава, кои во минатото беа најбројни на брегот на Охридското Езеро.

Станува збор за обвновување на авио врската  Белград – Охрид која беше воспоставена во летната сеозна 2016 до 2017 година, а со неа  српските гости ќе може да дојдат во Охрид за само час и половина.

„Ние како ТАВ сме уверени дека повторното воведување на оваа линија од Ер Србија на релација Белград Охрид Белград ќе им користи не само на патниците кои што доаѓаат на одмор туку и ќе го олесни економскиот раст, културната размена меѓу блиските соседи Србија и Македонија. Тимот на охридскиот аеродром е посветен да обезбеди ефикасно и безбедно аеродромско искуство за сите патници“ изјави Неџат Курт директор на ТАВ.

Според министерот Бочварски оваа авиолинија ги потврдува одличните релации меѓу двете земји и ја зацврстува регионаната соработка.

„Одлично е за целата земја, одлично е за Охрид. Ова е сериозен инпут за економијата за развој на туризмот и зацврстување на врските со нашите граѓани кои живеат во земјите од регионот. Оваа линија е во тајминг кога само ги потврдуваме одличните релации со нашит сосед Р Србија кога во рамките на Отворен Балкан создаваме низа поволности за нашите и за српските граѓани. “, рече министерот  за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Оваа линија е од големо значење и за Северна Македонија и за Србија ќе ја има 4 пати неделно. Во понеделник, среда, петок и сабота мислам дека термните се добри за сите туристи. По она шт може да забележиме по резервациите има голем интерес од страна српските туристи и може да ги очекувате во голем број.Воедно ќе има и голем број на транзитни патници “, Србија Бошко Рупиќ директор за стратегија на Ер Србија.

Од почетокот на годинава на двата аеродроми во земјава забележително е зголемување на бројот на патници за 44 % , а само на охридксиот аеродром има зголемување на бројот на патници за 25%  во однос на лани.

Новинар Соња Рилковска