Стартуваше Јуниорската Балканска математичка Олимпијада
Стартуваше Јуниорската Балканска математичка Олимпијада.
104 основци од 17 земји од Балканот, Европа и Азија, ги одмеруваат своите математички знаења на 18 -тата Јуниорска Балканска математичка Олимпијада. Основците од 6, 7 и 8 одделение решаваа оргинални задачи од 4 области, алгебра, теорија на броеви, геометрија и комбинаторика. 5-мина врвни математичари работеа на состав на 30 тина задачи кои потоа се проследуваат до жири, кое пак ги бира 4-те задачи од наведените области, укажува Проф. Ристо Малчески главен координатор на Балканијадата. Освоените места на Балканијадите се доста ценети во светот и се влез за студирање на сите престижни свтески универзитети. Проф Малечски се осврна и на квалитетот на македонските математиачри.
„Имаме релативно слаба заинтересираност за тој вид на таленти. 40 -50 наши универзитетски професори се ангажирани на врвни светски универзитети во моментов, а излезени од овој систем на натпревари. Постигнуваме добри резултати имало екипи кои освојувале злато, сребро, бронза. Но оваа работа бара сериозна поддршка од државните институции. Декларативна поддршка не значи премногу, туку реална поддршка, ја има, но не во доволна мера.“
Македонија како домаќин на Балканијадата има право на учество на две екипи, со вкупно 12 математичари, кажува Проф. Малчески. Јуниорската Балканска математичка олимпијада е многу престижен натпревар, укажува и проф Алекса Малчески од организациониот одбор на сојузот на македонски математичари. Ваквите натпреварувања во светот се многу ретки затоа што се работи за деца до 15,5 години. Иако беше најавено присуство на 25 земји, математичарите од 8 земји од Далечен и Среден Исток и од САД не допатуваа, вели проф Алекса Малчески.
„Со визи не се снајдоа натпреварувачите од Далечен Исток, Малезија, Индознезија, Филипини, Тајланд. За САД не треба визи, лани учествуваа, но годинва не допатуваа. Тешко со визи се снајдоа и од Јужно Африканската Република, учество најавија и од Сирија и Украина, но заради воените судири го откажаа своето учество.“
Натпреварувачите задачите ги решаваат на својот мајчин јазик. Прегледувањето на решените задачи ќе го прават 17 македонски врвни математичари, поранешни олимпијци, а се вклучуваат и замениците лидери на земјите учесници, објаснува Малчески. Најуспешните математичари ќе бидат прогласени во среда.
18 -та Јуниорска Балканска математичка Олимпијада е целосно финансиски организирана од сопствени средства на Сојузот на македонски математичари.
{loadposition content9}