Skip to main content

метеоролошка станица

Статуетка на божицата Весна во Охрид

Во дворот на метеоролошката станица е откриена статуетка на божицата Весна, а беа доделени и признанија за вработените.
 |  Валентина Неловска  | 

Македонските метеоролози го одбележаа Светскиот ден на метеорологијата.

Светската метеоролошка организација има за цел да ги поддржи земјите на светот во обезбедување на метеоролошки и хидролошки услуги за заштита на човечките животи и имот од природни непогоди поврзани со времето, климата и водите, како и да се зачува животната средина и да придонесе кон одржлив развој.

Ивица Тодороски, директорот на УХМР на одбележувањето на Светскиот ден на метерологијата потсети на нивното значење во следењето и изработувањето на успешни прогнози и предупредувања за навремено да се спречат временските непогоди. 

Успешноста на прогнозите се во директна зависност од прецизните метеоролошки мерења во мрежата на метеоролошките станици. Повеќе зависат од современите сателити, радарски информации. УХМР во 2018 година ги усоврши и ги надгради и догради системските радари. Со учество во Евроската програма во Метеоаларм се известува Управата за можни екстремни временски непогоди – истакна Тодороски.

Почетоците на Метеорологијата во земјава датираат од 1891 година, а во Охрид од 1923, додека од  1945 Метеоролошката станица е на сегашната локација на Дебој.

Даниела Илијоска, раководителка на охридската метеоролошка станица, по повод  одбележувањето на Светскиот ден на метеоролозите изработи статуетка, посветена на словенската божица на пролетта Весна, која беше свечено откриена во дворот на станицата.

Статуетката е висока 3,5 метри, изработена е од 1891 шишарка и од други природни материјали. За да ја изработи на Илијоска и биле потребни 6 месеци.

Направив жена затоа што зборот метеорологија е од женски род, повеќе циклони имаат женски имиња. На жената и е доволен еден лош збор, па да се разлути како и на времето кога му е доволна една негативна честичка и да се соберат облаци и  да предизвикаат невреме – вели Илијоска.

Во охридската метеоролошка архива се забележани податоците за рекордната највисока температура на воздухот од 37,5 степени во  јуни 2007, најниската температура од минус 17,2 степени регистрирана во јануари 1954, забележани се во еден ден наврнати 90 милилитри дожд и 78 дена последователна суша без капка дожд.