општина дебрца
Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта
Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, велат од Општина Охрид.





