Skip to main content

Еден од најдобрите балкански комичари

Стендап шоу со Александар Перишиќ во Jazz Inn

Александар Перишиќ на „SUMMER COMEDY MARATHON“ во Охрид ќе се претстави со своeto „one man show” – КОМПЛЕКСАНДАР.
 |  инфодеск  | 
Александар Перишиќ

Оваа година „SUMMER COMEDY MARATHON ’22“ го започнуваме со стендап шоуто на еден од најдобрите балкански комичари Александар Перишиќ со неговото соло шоу “Комплександар“.

Перишиќ оваа година влегува во втора декада со занимавање со stand up комедија.
Со многу, многу настапи (дечкото е мрзлив не води точна статистика) во сите бивши ЈУ Републики, се смета за еден од пионерите на српската stand up сцена. Важи за еден од политички најНЕкоректните комичари, со посебен акцент на црниот хумор. Со комедија почнува да се занимава после десетина години соработка со театарот во неговиот роден град Краљево
– информираат организаторите.

Перишиќ е победник на првиот “open mic” одржан во Белград во 2010 година и таа вечер се случува пресвртница во неговиот живот и кариера. После неколку години се приклучува на сценаристичкиот тим на популарното ТВ шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ и станува панелист во истото шоу.

Во Охрид на „SUMMER COMEDY MARATHON“ ќе се претстави со своeto “one man show” – КОМПЛЕКСАНДАР.