Skip to main content

Summer comedy marathon

Стендап шоуто Да БолиТ вечерва во Џез Ин

Најновото стендап шоу „Да БолиТ“ на Никола Тодороски, вечерва во култното Џез Ин со почеток во 20 часот. Билетот чини 250 денари.
 |  инфодеск  | 
Да болит

Вечерва во Џез Ин со почеток во 20 часот, најновото соло стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ” во рамки на Summer Comedy Marathon “22.

Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на Коле „Да БолиТ“ – во стомачните! – стои во најавата на шоуто.

Билетите се по цена од 250 денари, а може да се резервираат на телефонскиот број : 075 283 066.