Skip to main content

Стерилизација, а не убивање на кучињата бездомници

Како основна причина за проблемот со кучињата скитници, ги посочуваат несовесните сопственици.

 |  Мишел Наумоски  | 
kucinja skitnici
кучиња скитници

Велат дека најдобар пријател на човекот е кучето, но за жал, се помалку, човекот е најдобар пријател на кучето. Несовесни сопственици наместо да се грижат за својот миленик го пуштаат на улица каде го демнат бројни опасности. Претставниците од здружението за заштита на животните, Анима Мунди, токму овде ги лоцираат основните причини зошто има неконтролирана бројност на бездомни кучиња низ улиците. Покрај несовесните сопственици, уште и достапните извори на отпад, непрактикувањето на законската регулатива и непостоењето на системска стратегија скоро подеднакво придонесуваат за продлабочување на проблемот. Тие сметаат дека го имаат вистинското решение за овој проблем, во програмата „Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати.

„Со ова сакаме да промовираме еден нов начин, еден нов пристап кон проблемот односно кон решавање на проблемот со бездомните кучиња со една практика која е веќе спроведена во добар дел од европските земји, особено како пример би ги навел Скандинавските земји каде што еден однос еден начин на постапување на животните се доаѓа до намалување на популацијата на бездомните кучиња, но и се запазува и самата благососстојба на животните.“-вели Игор Есмеров-Доктор по ветеринарна медицина-Скопје.

bezdomni kucinjaОд Анима Мунди сметаат дека проблемот со кучињата скитници е еден вид комунален проблем и како таков треба да биде третиран. Како основен проблем пак за реализацијата на вакви и слични проекти се наведуваат финансиските средства односно недостатокот од нив.

„Точно е дека влече некои финансиски средства меѓутоа и овие програми кои досега се применуваат во сите градови низ територијата на Република Македонија влечат средства но не даваат некој адекватен резултат. Последната програма која ние ја промовираме односно залови стерилизирај, кастрирај и пушти на истата територија од каде што е земено животното, нормално прво треба да се обележи и да се вакцинира е пракса која секаде каде што е применета дала резултат, животното доаѓа на локацијата не дозволува да се насели ново животно, притоа бидејќи е кастрирано не претставува проблем бидејќи нема нова популација, нема ново потомство од него.“ -додава Есмеров.

Есмеров смета дека оваа програма би го решила проблемот за период од 5 до 10 години. Би се третирале околу 80 проценти од кучињата скитници со што и новата популација односно нивното потомство би се свело на минимум. Околу новопредложениот закон за плаќање на данок за агресивни кучиња, Есмеров со став: „Јас не би направил дистинкција околу тоа кои се агресивни кучиња, а кои не се. Доколку се донесува тој закон, би требало сите оние совесни сопственици на кучиња да плаќаат одредена сума на пари од каде би се генерирале средствата за решавање на проблемот со бездомните кучиња.“

Проблемот е јасен, јасни се и неговите размери. За да не придонесувате за негово продлабочување, добро размислете пред да купите или вдомите некое животно.

{loadposition content9}