Skip to main content

Стипендии за талентирани ученици и студенти според Правилник

Стипендии за талентирани ученици и студенти според Правилник.

 |  Валентина Неловска  | 
стипендии
стипендии

Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка  од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60  талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите  ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.
ученици
„Прво да се потикнат оние ученици и студенти кои имаат добар успех во своето образование. Да им се помогне на оние кои се талентирани и немаат доволно финансиски средства за да си обезбедат квалитетно образование.“

Вакви стипендии талентираните ученици добивале и во претходните години. Досега нема заостанати неисплатени стипендии, нагласува општинскиот портпарол Џамтоски. Додава дека овој пат стипендирањето ќе претрпи суштински измени.


„ Имавме и во изминатите години конкурси, но она што е ново е што овој пат ќе има правилник. Покрај ранг листата и правилникот  ќе биде се потранспрентно. Се  разбира средствата ќе стигнат во вистинските раце. Исплатата ќе почне со новиот буџет од 2014 година , се разбира ќе има правилник кој  го изготвува градоначалникот, ќе се направи ранг листа и според нив ќе бидат дадени овие средства.“

На конкурсот ќе може да се пријават основците од  7 и 8 одделение, потоа од втора, трета и четврта година од средните училишта. Студентите од втора, трета, четврта, пета и шеста година на државните универзитети ќе имаат исто така право да конкурираат за да добијат стипендии.

{loadposition content9}