Skip to main content

НП Галичица

Сто единки европски елен на Галичица

Достигнат бројот 100 единки на Европски елен во природниот резерват „Косто бачило“ со што се отвора можност уште кон крајот на октомври годинава да се ослободат првите 60 елени во рамки на Националниот парк Галичица.
 |  инфодеск  | 
Европски елени

Активностите на реинтродукција на Европскиот елен во рамки на Национален парк Галичица течат одлично имајќи го предвид постигнување на 100 единки во во природниот резерват . Тоа е во рамки на планираната динамика на зголемување како и напорите за подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје вели Андон Бојаџи- раководител на сектор за заштита на природата.

Можеме слободно да се пофалиме дека реинтродукцијата оди добро и дека бројот на единки во репродуктивниот центар во НП Галичица во локалитетот Косто Бачило сега е преку 100. Ова го постигнавме главно благодарение на несебичното залагање на дел од вработените, особено на оние кои се на Преспанскиот дел од паркот.“, вели Андон Бојаџи- раководител на сектор за заштита на природата.

Андон Бојаџи

Радува фактот дека постои минимална загуба на Европски елен во резерватот и тоа само две угинати единки од воспоставување на резерватот што пак е бројка пониска и од просечно прифатливата загуба од 10 проценти. Се очекува популацијата на европски елен за десетина години во Националниот парк да биде самоодржлива.

Во меѓувреме ние ќе продолжиме да чуваме матично стадо во рамките на репродуктивниот центар но одреден број единки секоја година почнувајки од годинава ќе ги пуштаме во дивата природата. Оваа година некаде крајот на октомври ќе пуштиме околу 60на единки а во репродкутивниот центар како матично стадо ќе зачуваме 40тина.“, истакна Бојаџи.

Елените се адаптираа на човечкото присуство, што значи останува идејата за поставување набљудувачница за посетителите за да може да го гледаат стадото елени, со тоа ќе ја постигнеме и споредната цел која ја имавме да се зголеми атрактивноста на паркот, истакнува Бојаџи, исто така вели дека намерата е со помош на елените да се обезбеди активно управување со високите планински пасишта а со цел нивно зачувување во иднина.