Skip to main content

Што произведува ЈП „Градски Гробишта“

Големи коловозни и мали парковски рабници, плочки за поплочување околу гробните места и тротоарите, како и столбчиња кои се поставуваат на коловозот односно на тротоарите за да не можат возилата да се паркираат на недозволено место, се дел од производите,  кои помагаат да се подобри финансиската слика на ЈП „Градски гробишта“.

 |  Николоска Биљана  | 
bekatnoki
бекатонки

bekatnokiОбновено производството на готови бетонски производи. ЈП „Градски Гробишта“, со цел да ја подобри финансиската состојба се зафати со нови дејности. Директорот на ЈП Зоран Симоноски нагласува дека и порано Градски гробишта како работна единица во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ , дел од тие производи ги работеле, но од за него непознати причини тоа производство било занемарено, за сега повторно да го активираат.

„Со оглед на бројот на вработени со оглед на другите трошкови што ги имаме само со приходите досега што биле во ЈП, направивме анализа дека не можеме да го санираме и да ги покриеме старите долгови и тековните трошоци кои што ги правиме во текот на работењето, така да наидовме на една отворена врата и на една отворена врата да речам, добра соработка од страна на градоначалникот и Локалната самоуправа и дел од обврските што се прават надвор низ целата општина по налог на Фондот за комунален развој ни припаѓаат нас, така да ние моравме да размислуваме и на производство на некои готови бетонски производи“ – вели Симоноски.

bekatnokiСо производство на големи коловозни и мали парковски рабници, плочки за поплочување околу гробните места и тротоарите, како и столбчиња кои се поставуваат на коловозот односно на тротоарите за да не можат возилата да се паркираат на недозволено место, ЈП добива добар дел работа од страна на Локалната самоуправа, така да, како што изјави Симоноски, приходите на претпријатието се зголемуваат а со тоа и неговата рентабилност.

„Секогаш е потребно нешто ново да се купи некои нови машинии и техника така да во моментов задоволуваме со тие калапи и набавивме и нови калапи. Во моментов ги задоволуваме потребите на Локалната самоуправа но за во иднина не значи дека не треба и да го прошириме таквото производство“– рече Симоноски.

Сите производи кои ги работи ЈП „Градски Гробишта“ имаат официјални цени утврдени со одлука на Совет и  секој граѓанин, правно или физичко лице по тие цени може да ги набави од ЈП.

{loadposition content9}