Дел од богатото животинско царство од Галичица, на чело со Неговото Височество Рисот, а тука се секако и срните, волците, мечките, дивите мачки и др. „уловени“ од камерите поставени во НП Галичица. Сликите ги сподели Планинската спаителна служба при Црвен Крст Охрид , кои во соработка со НУНП Галичица и Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, пред извесно време започнаа акција за видео мониторинг во строго заштитените зони од националниот пак.
„Жалиме што во оваа прилика немаме можност да Ви презентираме повеќе од огромниот фонд на фото и видео материјали, но ветуваме дека ќе дополниме наскоро.“ – напишаа од ПСС на објавата на Фејсбук.
Целта на видео мониторингот на Галичица е следење на влијанието од присуството на луѓето врз природата.
Од ПСС служба порачуваат граѓаните да уживаат во убавините но и да ја почитуваат и сакаат природата, да се движат само по обележаните патеки во паркот, за да не им се нарушува мирот на овие прекрасни суштества.