Skip to main content

Стоилковски: Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал

 Партискиот портпарол Наум Стоилковски укажа на законските казни при градењето на дивоградби . Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност, порача Стоилковски.

 |  Валентина Неловска  | 

Дивоградбата на Нефи Усеини, советник од редовите на ДУИ, тема и на денешната прес конфренција на Вмро Дпмне. Нормите за градење се јасни кога станува збор за гардење на дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини , а која локалната и централната власт ја толерираат, рече на денешната прес конференција Наум Стоилковски, партискиот портпарол на Вмро ДПмне.

„ Законот во член 244-а вели,тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба без одобрение за градење или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон“, напоменува Стиолковски.

Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законот. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа, рече Стоилковски.


„ Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизис – партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува“, кажа Стоилковски.


Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чуствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободено од канџите на Заев и сите ќе одговараат, порача Наум СТолковски, партискиот портпарол на Вмро Дпмне.