Skip to main content

Урбана опрема

Столбови за ограничување на бул. Македонски Просветители

Екипи на охридските јавни претпријатија утрово поставија столбови за ограничување и урбана опрема на бул. „Македонски Просветители“.
 |  инфодеск  | 
Булевар Македонски Просветители

Во рамки на активностите за реконструкција на бул. „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.

Булевар Македонски Просветители

Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.