Skip to main content

Стоп за самоволниот однос на охридските таксисти

Стоп за самоволниот однос на охридските таксисти.

 |  Валентина Неловска  | 
ls
ls

Дополнителни мерки за заштита на патниците од самоволието на некои охридски таксисти. Покрај задолжителните  налепници со цени за превоз и лиценци истакнати на видно место ќе  следува и фотографија за идентификација на таксистите. Локалната самоуправа  и сопствениците на такси компаниите заедно со надележните инстутуции  бараат начин како да се справат со злоупотребите кои ги прават некои несовесни возачи. Сашо Поп Доневски, претседателот на здружението на приватни такси компании  укажува дека проблемот не е во нив  туку во таксистите кои ги злоупотребуваат такси компаниите.

„ Со обележување на таксистите со име и презиме патниците веднаш ќе може да ги пријават злоупотребите во компаниите или кај надлежните инситуции. Таксистот  ќе  биде казнет, а со санкцијата да не може да премини во друга компанија туку да има временска забрана за возење и проблемот да не се повторува.“  
taksi
Надлежните општински служби ги слушнаа сите проблеми кои им задаваат главоболка на сопствениците на такси компаниите. Согласно  нивните надлежности ветија дека ќе преземаат мерки за нивно нaдминување, но и ригорозни инспекциски контроли. Средбата има за цел да се запре самоволното наплаќање на превозот и одбивање на возење на кратки релации, рече Ѓоко Апостоловски,  раководител  на Тлер.

„ Се договоривме заеднички средби да се одржуваат почесто. Сопствениците на компаниите кажаа дека не се среќаваат често меѓусебе. Заклучивме да ни ги презентираат во писмена форма сите нивни барања. Ние како локална во рамките на нашите надлежности и на централно ниво ќе се обидеме директно или индиректно да ги разрешиме“.  

За да се врати имиџот на такси превозот во Охрид сопствениците изнесоа и низа проблеми кои треба д а се решат, а ги мачат со години. Од главниот општински инспекторат, сообраќајниот инспекторат и останатите инспекциски служби ветија дека  ќе преземат мерки за да се запре дивеењето на таксистите, кој како еден од многуте фактори, влијае врз посетеноста на градот со  туристи. Од локалната самоуправа најавија дека се изготвени и флаери со информации кои ќе се делат на сите посетители во Охрид. Тука ќе можат туристите, но  и охриѓани да ги пријавуваат сите злоупотреби од страна на таксистите.

{loadposition content9}